Барселона синоќа со победата протув Селтик си го осигура првото место во групата и пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
Тренерот Луис Енрике е задоволен бидејќи неговиот тим усеал да заврши на првото место во една исклучително тешка група.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Се случи игра која ние не ја очекувавме. Во една од најтешките групи завршивме први. Треба да му честитам на тимот за тоа“, изјави Луис Енрике.
„Не мислам дека треба да се придава значење за тензиите меѓу навивачите и Нејмар. Тие беа прекрасни во текот на целата средба. Причината за промената на Нејмар е насобраниот замор во него, а не нешто друго“, додаде Енрике.