Серхио Рамос минатото лето премина од Реал Мадрид во ПСЖ и изгледаше дека тоа не е баш најдобар потег на раководството на францускиот клуб.
Рамос минатата сезона не се наигра во Париз, имаше големи проблеми со повредите и ги пропушти првите шест месеци, успеа малку да влезе во ритам во финишот од сезоната. Оваа сезона е поинаква приказна, Рамос игра добро и покажа дека и понатаму може да биде високо ниво.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За многумина се уште е еден од најдобрите дефанзивци во Европа иако е во залезот на кариерата. Со добрата форма од стартот на сезоната се очекуваше да се врати и во шпанската репрезентација, меѓутоа тоа не се случи.
Селекторот на „црвената фурија“ Луис Енрике го објави списоко за наредните натпревари во Лигата на Нации и на него не се најде Рамос.
На шпанските медиуми не им е јасно зошто Рамос не е во составот иако игра во добра форма. Покрај Рамос изненадување е што повик не добија: Иаго Аспас, Ансу Фати, Алекс Морено, Хектор Белерин и Серхио Каналес.
СПИСОКОТ НА ШПАНИЈА