Дома Фудбал Луис Енрике: Имавме среќа, но заслуживме финале!

Луис Енрике: Имавме среќа, но заслуживме финале!

Фудбалерите на Барселона се изборија за финале во кралскиот Куп, откако синоќа одиграа 1:1 против Атлетико и ја одбранија предноста стекната на гостински терен.

Пласманот на Барселона во финалето остана во сенка на контроверзното судење и неоправдано понишрениот гол на Гризман, кој можеше да му донесе продолженија на „јорганџиите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Беше многу тешко, мораме да бидеме многу среќни. Не поради начинот на кој игравме, туку затоа што продолживме да пишуваме историја“, изјави Луис Енрике.

„Барса е клуб за победи, а нашите навивачи секогаш се на највисоко ниво. Затоа настапот во финале сакаме да им го посветиме на нашите фанови бидејќи беа со нас и не бодреа да издржиме до крај. Беше тешко, Атлетико направи огромен притисок, на крајот имавме и малку среќа, но заслужено сме во финале“, заклучи тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Жоао Кансело пред враќање во Италија!

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело ќе се врати во Италија оваа зима, каде ќе го облече др…