Дома Фудбал Репрезентации Лудо полувреме: На Аргентина и поништија три гола поради офсајд за половина час!

Лудо полувреме: На Аргентина и поништија три гола поради офсајд за половина час!

Во овие моменти Аргентина го игра натпреварот против Саудиска Арабија во првото коло од Мундијалот во Катар, Аргентинците имаат предност од 1:0, но неверојатно е што дури три гола им беа поништени поради офсајд.

До водство стигнаа со голот на Меси од пенал, а за многумина таа ситуација сигурно е сомнителна (ТУКА). Во продолжение од натпреварот одлично функционираше веројатно тактиката на селекторот на Саудијците да ги „фаќаат“ Аргентинците во недозволена позиција. Дури три гола во првиот половина час беа поништени поради офсајд. Треба да се каже дека во сите ситуации головите беа оправдано поништени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Освен тоа „Гаучосите“ беа „уловени“ и во уште неколку дополнителни офсајд позиција. Тешко дека вакво нешто може да биде случајност, веројатно се работи за одлична тактика на селекторот на Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…