Франција вчера лесно обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство откако ја победи Полска со 3:1.
Полска не беше закана за Франција, фаворизираните Французи одиграа одличен натпревар и стигнаа до победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа по завршувањето на натпреварот во јавноста актуелна и изјавата на францускиот претседател Макрон.
Пред натпреварот Макрон беше запрашан како ќе заврши натпреварот.
„Ќе заврши со наша победа од 3:1! Левандовски ќе постигне еден гол, како и Мбапе или можеби Жиру на кого му е потребен само еден гол да се запише во историјата. И џокер за третиот гол на Франција“, изјави Макрон.
Како што е познато Жиру постигна еден гол и го надмина Анри на вечната листа стрелци на француската репрезентација, додека Мбапе постигна два гола со што дојде до бројката од девет гола на Мундијалите.