Репрезентацијата на Хрватска утре игра против Франција во големото финале на СП во Русија.
Хрватската селекција заблеска на овој Мундијал и успеа да направи историски подвиг со пласманот во финалето. Сепак, играчите на овој тим веруваат дека можат до крај што сигурно би бил неверојатен успех.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најважните играчи на овој тим е Иван Ракитиќ, кој утре го игра својот 71 меч во оваа сезона што е најмногу од било кој фудбалер на светот. Ракитиќ пред дуелот против Франција даде ветување дека ќе се истетовира ако Хрватска стане светски шампион.
„Немам многу простор на рацете, но би се истетовирал на чело ако треба. Иако уште не сум ја прашал сопругата за зелено светло околу тоа, но тетоважа сигурно ќе има. Дури сум подготвен да се простам од фудбалот ако треба веќе во понеделник доколку станеме светски шампиони“, истакна Ракитиќ.