Дома Видео Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Лудница на аеродромот: Наинголан пристигна во Милано!

Белгијскиот фудбалер Раџа Наинголан вечерва допатува во Милано, а веќе утре би требало да ги мине медицинските прегледи во Интер.

Наинголан веќе неколку сезони е еден од главните играчи на рома и сигурно дека е големо изненадување неговото заминување во Интер. Раџа вечерва пристигна во Милано, а на аеродромот го пречекаа голем број навивачи на Интер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Белгијанецот по доаѓањето на аеродромот кратко се обрати на присутните новинари каде откри дека е среќен што доаѓа во овој клуб.

„Среќен сум што сум овде, а се надевам дека навивачите ќе бидат уште посреќни со моите игри.“

Рома на овој трансфер треба да заработи околу 24 милиони евра, а во спротивен правец ќе премине Давиде Сантоне и младинецот Николо Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Вардар по пауза од седум години денес за првпат ќе одигра европски натпревар!

Фудбалерите на Вардар вечерва го играат првиот натпреваар во европски рамки по пауза од це…