Aрсенал и Манчестер Сити е се во жестока битка за Даклан Рајс од Вест Хем, барем така изгледа во медиумите, но според директорот на Астон Вила, Ени Алуко нешто друго се случува.
Директорката на Астон Вила смета дека Манчестер Сити реално не е заинтересиран за Даклан Рајс, туку станувало збор за договор помеѓу Артета и Гвардиола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Добро знам како функционираат тие работи сум ги користела големите клубови како мамец. Барав од нив да испратат понуда за играч кој не е им потребен, мене не ми изгледа дека Сити сака да го доведе Рајс, туку дека Артета му се јавил на Пеп и побарал да испратат понуда и тие со цел да ги притисне газдите на Арсенал“, изјави Алуко.
И навистина изгледа дека Сити нема некаква потреба од Рајс, посебно откако во текот на вчерашниот ден се засилија со Матео Ковачиќ.
Последната понуда од Арсенал за Рајс според информациите на медиумите на Островот изнесува 120 милиони евра и тоа би било најскап трансфер во Премиер лигата.