Дома Фудбал Луда завршница во Амстердам, Ајакс се спаси од пораз со два гола во судиското продолжение

Луда завршница во Амстердам, Ајакс се спаси од пораз со два гола во судиското продолжение

Актуелниот норвешки шампион Бодо/Глимт за малку ќе постигнеше голем резултат во првиот натпревар од нокаут фазата на Конференциската лига.

Клубот водеше со 2:0 против Ајакс на гостувањето во Амстердам до судиското надополнување, но натпреварот на крајот заврши со резултат 2:2.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бодо поведе во 16. минута со голот на Алберт Гронбек по асистенција на поранешниот играч на Милан, Јенс Петер Хауге, кој моментално игра во Бодо, овојпат како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт. Водството на гостите го зголеми Гронбек со својот втор гол во 63. минута.

Кога се чинеше дека само крајот се чека за официјализирање на победата на Норвежаните, Ајакс сепак избегна пораз во последните минути. Најпрвин Бранко ван ден Бумен намали од пенал во 91. минута, а израмни Стивен Бергуис во 97.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …