Пари Сент Жермен и Сент Етјен одиграа луд натпревар во Париз, а како победник излезе ПСЖ со гол во последната секунда (3:2).
Првото полувреме беше мирно и ништо не навестуваше дека ќе има „пеколна“ завршница.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ ја контролираше играта и создаваше шанси, се до 77-та минута кога Сент Етјен ги шокира „светците“ со голот на Денис Буанга. Само една минута подоцна Мбапе израмни на 1:1.
Во 88-та минута беше досуден пенал за ПСЖ и сигурен реализатор беше Мбапе, па се очекуваше тоа да биде конечен резултат кога судијата покажа 5 минути продолжение.
Сепак, во 92-та минута шок за парижаните, откако Хамоума погоди за 2:2. Буквално во последната секунда Икарди му донесе победа на ПСЖ од 3:2.