Дома Фудбал Англија Лошите прогнози се остварија: Познато колку ќе паузира Кејн

Лошите прогнози се остварија: Познато колку ќе паузира Кејн

Тотенхем потврди дека напаѓачот Хари Кејн поради повреда на мускулот ќе мора да отсуствува од терените еден месец.

Со тоа се потврдија песимистичките прогнози на Мурињо дека повредата на голгетерот е тешка и бара подолг период на рехабилитација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Можеме да потврдиме дека Хари Кејн се здоби со пукнување на бутниот мускул на левата нога. Нашата лекарска служба ќе го надгледува неговото закрепнување“, објави Тотенхем.

Враќањето од казна на Сон е добра вест за Мурињо, со тоа што Кореецот ќе може да игра на врвот на нападот во отсуство на Кејн, бидејќи лондонскиот тим нема друг централен напаѓач.

Тотенхем момемтално се наоѓа на 6-то место на табелата, а во следниот меч во Премиер лигата, на 11-ти јануари, ќе ги одмери силите со лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…