Дома Фудбал Лоши спомени за Рамос по дербито со Атлетико: Еве како ќе продолжи понатаму…

Лоши спомени за Рамос по дербито со Атлетико: Еве како ќе продолжи понатаму…

Капитенот на мадридски Реал, Серхио Рамос добро ќе го запамети синоќешното градско дерби против Атлетико.

Искусниот дефанзивец во овој дуел заработи тешка повреда. Скршен му е носот откако пред крајот на првото полувреме заработи удар од Лукас Ернандез.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Рамос не можеше да го продолжи мечот. Повредата беше едноставно претешка, крвта не престана да тече, па наместо него во второто полувреме заигра Начо.

„Кралевите“ не добија убави вести по мечот. На нивниот капитен му е скршен носот, што беше очигледно и на теренот и тој би можел да отуствува одреден период.

Сепак, со оглед на тоа дека на Реал му претстојат важни натпревари, веројатно во следниот период Рамос ќе игра со заштитна маска.

Со ремито против Атлетико, Реал падна на третата позиција во Ла лига со 24 бода, десет помалку од водечката Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез ваков не сме го виделе досега – презема чекор кој никогаш не го направил во животот

Реал Мадрид претрпе тотален шок во 26-то коло на шпанската Ла Лига и загуби од Хетафе на С…