Дома Фудбал Италија Лоши вести од Италија: Ливорно пред банкрот

Лоши вести од Италија: Ливорно пред банкрот

Поранешниот калчолигаш Ливорно е пред колапс.

На Ливорно му беа одземени три бода поради неисплаќање плати.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Клубот добил предупредување за неплатени средства кон неколку фудбалери и вработени во периодот јуни, јули и август 2020 година, но и покрај тоа тие не биле подмирени, па затоа му била изречена казна. Покрај казната од три бода извршниот директор Џорџо Хелер и Антонио Мастраџело добија суспензија од пет месеци.

Овој клуб неколку години се бори со финансиските проблеми, некако издржуваше, но пандемијата и големите загуби им направија дополниутелни проблеми. Ливорно сега се наоѓа на последното место во групата Ц.

Навивачите имаа реакции пред неколку месеци, бараа да се средат работите, но очигледно промени на подобро немаше.

Во сезоната 2006/2007 Ливорно се избори и за настап во групите на тогашниот Куп на УЕФА (денешна Лига Европа), во далечините 1920 и 1943 беше вицешампион.

Ќе потсетиме неодамна во Италија банкротираше славниот Палермо кој даде многу големи имиња во италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…