Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус – Пјаца доживеа тешка повреда!

Лоши вести за Јувентус – Пјаца доживеа тешка повреда!

Хрватскиот репрезентативец и член на Јувентус, Марко Пјаца доживеа тешка повреда на мечот против Естонија и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Марко Пјаца се повреди во 63-та минута од пријателскиот натпревар одигран во Талин, а денес медицинскиот тим по прегледот на магнетна резонанца, објави дека играчот ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваква повреда бара сложен хируршки зафат, а рехабилитацијата трае околу шест месеци, што значи дека крилниот напаѓач не само што ја заврши сезоната, туку нема да може да ги мине летните подготовки со тимот, а и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо за првпат проговори откако започна бојкот /ФОТО/

Кристијано Роналдо го привлекуваше вниманието на фудбалскиот свет последните денови, израз…