Јувентус утре го пречекува Ајакс во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони, но тренерот Алегри ќе има проблеми при состанување на тимот.
Имено, капитенот и еден од најважните играчи на Јувентус, Џорџо Киелини се чини дека нема да биде спремен за утрешниот меч на „Алијанц Стадиум“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Киелини го пропушти и првиот дуел во Амстердам, но се очекуваше дека ќе се опорави за реваншот. Сепак, искусниот стопер и денес не тренираше со остатокот од тимот.
Покрај него, тренингот го пропуштија уште Матија Перин и Мартин Касерес, но нивното отсуство сигурно нема да го загрижи тренерот Алегри.
Покрај Леонардо Бонучи во одбраната се очекува повторно да игра Ругани, исто како и во првиот меч, бидејќи Барзаљи исто така е под знак прашалник.
Во тимот се враќаат Емре Чан, Даглас Коста, Сами Кедира и Марио Манџукиќ, кои сигурно ќе бидат спремни за утрешниот меч.
Првиот натпревер во Амстердам заврши 1:1, па утре во Торино ќе биде одлучен патникот во полуфиналето од Лигата на шампиони.