Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер пред дербито со Лацио

Лоши вести за Интер пред дербито со Лацио

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе го пропушти дербито помеѓу Интер и Лацио кое на програмата е во недела.

21-годишниот напаѓач се здоби со повреда на десното колено за време на репрезентативните настапи, а деталните прегледи не покажаа поголеми оштетувања.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, Мартинез ќе мора да пауза најмалку две недели, што е лоша вест за Интер поради фактот штој тој беше прв избор кај Спалети во отсуство на Икарди.

За среќа на „нероаѕурите“, Икарди се врати во тренажен процес и ќе биде повикан за мечот со Лацио, но прашање е дали ќе може да помине цели 90 минути на теренот.

Покрај Мартинез надвор од тимот поради повреда ќе биде и Стефан де Вриј, кој исто така се повреди за време на репрезентативните обврски.

Дербито помеѓу Интер и Лацио е од клучно значење за двата тима бидејќи е директен дуел на два тима кои се борат за пласман во Топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дани Алвеш минатата година беше во затвор – сега е проповедник (Видео)

Дани Алвеш, еден од најтрофејните фудбалери во историјата, поранешен ас на Севиља, Барсело…