Шпанските медиуми пренесуваат дека десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо ќе паузира пет недели поради повреда на задната ложа.
Португалецот беше принуден да ја напушти играта на натпреварот против Џирона, а Барселона денеска во своето официјално соопштение за јавноста потврди дека тој ќе мора да направи пауза од пет недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа значи дека Семедо нема да биде подготвен и ќе го пропушти дербито против Атлетико Мадрид следната недела, како и реваншот против Челзи во рамките од Лигата на шампионите на 14 март на „Камп Ноу“.
Семедо, во најдобар случај, би можел да биде подготвен за гостувањето кај Севиља закажано за први април, после репрезентативната пауза