Серхио Бускетс се повреди и го напушти кампот на шпанската репрезентација.
Барселона после деталните прегледи соопшти дека станува збор за истегнување на надворешниот страничен лигамент на левото колено.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Повредата не е многу сериозна, па се очекува Бускетс да се врати на терените за две до три недели.
Ова е лоша вест за Куман пред дербито со Атлетико Мадрид, бидејќи Бускетс е многу важен играч за Каталонците.
Покрај дербито против Атлетико, Бускетс сигурно ќе го пропушти и дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампионите.