Изгледа дека Лотито попушти!
Претседателот на Лацио кој утре ќе прослави 15 години на чело на клубот од Рим полека како да крева раце од Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Долго време Лотито одолева на нападите на богатите и моќните клубов, на почетокот на минатата сезона Савиќ дури и потпиша нов подобар договор, меѓутоа и самиот Лотито изгледа се помирува со фактот дека ќе го нема Србинот за новата сезона, барем ако се суди според неговата последна изјава.
„Сфаќам дека не можете да ги натерате играчите да играат во опкружување во кое не се чуствуваат пријатно. Милинковиќ-Савиќ покажа сериозност и одговорност. Убаво му е во Лацио. Минатата година успеав да ги одбијам нападите на другите клубови, но ова лето изгледа немам толкава моќ. Имам полаку опции со кои можам да се служам бидејќи на играчот му беа предложени други решенија. Можам да кажам дека минатата година направив се што можев и ги истрошив сите џокери“, сликовите објасни Лотито.
Оваа негова изјава значи дека Лацио е спремен да прифати помалку од оние 150 милиони евра кои ги бараше пред 12 месеци. Се претпоставува дека ќе се согласи дури и за двојно помалку. Останува да се види само кој клуб ќе го избере Сергеј. Најмногу со Савиќ се поврзуваа Пари Сен Жермен, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.