Шпанскиот тренер Јулен Лопетеги би можел повторно да работи во Премиер лигата.
Имено, Вест Хем е заинтересиран за Шпанецот како замена за Дејвид Мојс, кој како што стојат работите ќе замине на крајот од сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вест Хем преговараше со Рубен Аморим од Спортинг, кој во понеделникот беше во Лондон за да разговара со челниците на клубот… „Чеканите“ сепак не сакаат да ја платат превисоката откупна клаузула за португалскиот стратег, која би изнесувала помеѓу 10 и 15 милиони евра.
Поради тоа тие бараат и резервни опции доколку не успеат да го убедат Спортинг да ја намали цената за нивниот тренер, а еден од главните кандидати е Јулен Лопетеги. Шпанецот минатата сезона го презеде Вулверхемптон, го спаси од испаѓање, а потоа го напушти клубот незадоволен од нивната трансфер политика.
Освен Лопетеги на списокот на Вест Хем наводно се уште: Ханси Флик, Грем Потер, Стив Купар, Марко Силва…