Дејан Ловрен е мета на огромни критики, закани, но и напади. Откако беше ограбен неговиот стан во Загреб, неодамна разбојници влегоа и во неговиот дом во Ливерпул.
Покрај проблемите со лошите настапи, Ловрен се мачи и со повредите, но Хрватот истакна и дека нема да се предаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се борам да бидам нормален и после се. Ова е ужасно, моето семејство многу пати. Се отиде по ѓаволите, ова е навистина премногу. Влегоа во мојот дом додека јас бев на натпревар. Сите сме шокирани“, зборуваше Ловрен.
Неговиот живот во овој момент наликува на трилер, но хрватскиот репрезентативец порачува дека ништо нема да го скрши.
„Како да бидам сконцентриран на фудбалот? Но знаете што? – Никој нема да ме запре. Доаѓам на собирот на репрезентацијата“, порача Ловрен.
„Селекторот ми соопшти дека можам да земам слободни денови, но нема да се откажам! Нема предавање. Истото му го кажав и на Клоп. Тренерот ми кажа дека разбира колку ми е тешко во овој момент да размислувам за фудбалот“, истакна Ловрен
ТУКА можете да погледнете како разбојниците „оперираат“ во домот на Ловрен!