Дома Трансфер зона Ловрен пред трансфер во Серија А

Ловрен пред трансфер во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен е блиску до трансфер во Серија А.

33-годишниот дефанзивец одигра одлично на Мундијалот, па во јануари е спремен да го напушти Зенит и да се пресели во Лацио.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Неговиот договор истекува во јуни 2023 година, а Лацио е спремен да плати одредена сума за да го доведе шест месеци пред истекот на договорот.

Ловрен пред две и пол години пристигна во Зенит од Ливерпул, а сега сака искуство во Серија А.

Лацио наводно веќе постигнал договор со неговиот агент, а набрзо ќе испрати понуда до Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…