Aнглиските медиуми се убедени дека хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен на лето ќе замине од Ливерпул.
Ловрен на „Енфилд“ пристигна пред пет години од Саутемптон. На почетокот не се снајде најдобро и често пати беше мета на критики на навивачите и медиумите, но со доаѓањето на Јирген Клоп стана неизоставен дел од стартниот тим на Ливерпил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, оваа сезона има бројни проблеми со повредите и пропушти добар дел од сезоната. Неговото отсуство го искористи Жоел Матип кој покрај Ван Дијк стана стандарден член во стартниот состав. Ако се земе предвид дека Ливерпул сака да го доведе Матијас Де Лихт од Ајакс, јасно е дека „црвените“ се во потрага по нов дефанзивец и дека не сметаат премногу на Ловрен.
Ако Ловрен заминува од Ливерпул нема да има проблеми во пронаоѓање на нов клуб. „Мирор“ пишува дека за хрватскиот стопер интерес покажале три клуба од Серија А и тоа: Наполи, Рома и Милан. Според информациите на овој медиум, овие три клуба испратиле понуди, а Ливерпул за Ловрен бара 25 милиони фунти.
Dejan Lovren has emerged as a summer target for Roma, Napoli and AC Milan.
Lovren, 29, is on the lists of both Roma and Napoli amid interest in their own defenders.https://t.co/wRCdpE6NMU
— Anfield HQ (@AnfieldHQ) March 27, 2019
Ќе потсетиме, Ловрен зад себе има одлично Светско првенство во Русија каде што со Хрватска го освои сребрениот медал. Меѓутоа потоа отсуствуваше од терените околу два ипол месеци. Пред неколку дена се врати на теренот и играше во поразот на Хрватска од Унгарија на гостински терен.
https://www.youtube.com/watch?v=FDb4CglXlis&t=1s