Се поблиску е почетокот на Светското првенство, а на месец ипол до почетокот внимание привлече потегот на Французите.
Мундијалот во Катар од моментот кога беше одредено домаќинството е тема на контроверзии, па така е и воој пат. Дел од земјите се одлучија на „тивок бојкот“, меѓу нив е и Франција. Имено, во Франција нема да се формираат фан-зони на навивачите ширумф градот каде што луѓето би се собирале да ги гледаат натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На овој начин сакаат да испратат порака до Катар дека сите добро знаеме што се случува во Катар и во какви нечовечки услови престојуваа илјадниви работници кои работеа на инфраструктурата, многу од нив и ги изгубија животите.
Французите посебно го привлекоа вниманието затоа што покажуваат лицемерие. Тие ќе го бојкотираат Светското првенство, а што им се случува со лигата и клубот? Доминира клуб кој има катарски сопственици.
Секако, во прашање е Пари Сен Жермен каде што игра и Килијан Мбапе кого лично претседателот Макрон го убедуваше да остане во клубот на Катарците за доброто на францускиот фудбал.