Дома Фудбал Англија Ливерпул, Јунајтед, Арсенал и Челзи со заедничка жалба: Премногу е Сити да го избегне и ова!

Ливерпул, Јунајтед, Арсенал и Челзи со заедничка жалба: Премногу е Сити да го избегне и ова!

Манчестер Сити поради кршење на финансискиот фер-плеј и лажирање на спонзорски документи доби суспензија за настап во Лигата на шампионите во наредните две сезони.

УЕФА пред нешто повеќе од еден месец го исфрли Сити од своите натпреварувања во наредните две сезони. „Граѓаните“ веднаш испратија жалба до Спортскиот суд за арбитража и тој случај е во тек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пандемијата од коронавирусот се успори, па така веројатно и овој случај нема да биде решен до почетокот на слезната сезоната што веројатно ќе им овозможи на избраниците на Пеп Гвардиола да играат во ЛШ и наредната сезона, пишува „Дејли Мејл“.

„Дејли Мејл“ наведува дека сите тимови од горниот дел од табелата во Премиер лигата, освен Шефилд испратиле заеднички допис до една од правните фирми која ќе ги застапува нивните интереси во Спортскиот суд за арабитража.

Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи се дел од заедничката жалба, а тука се уште: Лестер, Вулверхмептон, Тотенхем и Барнли.

„Што е доста, доста е. Предолго Сити успеваше да се извлече од кризата и да ги крши правилата на штета на најмалку еден клуб кој не се пласираше во ЛШ. Постои страв дека би можеле да ја избегнат казната што би било премногу“, изјави еден од изворите за „Дејли Мејл“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…