Ливерпул се вклучи во траката за потписот на плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул е во потрага по наследник на Вајналдум, па иако се споменуваат многу имиња, сепак главна мета е токму Иско.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иско минатата сезона не добиваше голема минутажа кај Зидан, а изгледа дека работите нема да се променат со доаѓањето на Анчелоти.
Поради тоа Шпанецот е спремен да ја промени средината, а Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Иско влезе во последната година од договорот и Реал е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 18 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Ливерпул.