Дома Топ вести Ливерпул спреми 55 милиони за Рубен Невеш

Ливерпул спреми 55 милиони за Рубен Невеш

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.

23-годишниот Португалец блеска веќе две сезони во Премиер лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул стапил во контакт со неговиот агент, Жорге Мендеш и веќе ги започнал преговорите.

Клоп сака да се засили со квалитетен играч за врска и Рубен Невеш е примарна цел, а „црвените“ се спремни да понудат 55 милиони фунти.

За Невеш сериозен интерес покажуваат и клубовите од Манчестер, како и Јувентус, но Ливерпул е во пол-позиција во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…