Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.
Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот агент Жорге Мендеш веќе имал состанок со раководството на Барселона и наводно ги договорил личните услови на фудбалерот.
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, па Барселона најпрво ќе мора да продаде некој фудбалер.
Планот на Каталонците е да се ослободат од Кеси и така да отворат простор за ангажман на Рубен Невеш.
@gerardromero claims that Xavi Hernandez is willing to compromise on Ruben Neves.
— Football España (@footballespana_) May 23, 2023
He will accept his arrival if it is instead of Franck Kessie. #Barca #WWFC #Wolves pic.twitter.com/4ioyJqNbsu