Ливерпул во следната сезона нема да претрпи многу промени во играчкиот кадар, Јирген Клоп во главно е задоволен од тоа што го има.
Сепак, за да се направиме чекор напред во Премиер лигата очигледно е потребно некое звучно засилување, па во врска со Ливерпул се доведуваат некои од најпочитуваните фудбалери во овој момент. Кога се откажаа од Де Лихт, во прв план е Кулибали за кого заинтересираните клубови треба да одвојат повеќе од 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повторно се пробуди интерес на Клоп за Фекир, во клубот сметаат дека 50 милиони евра би биле доволни за играч чиј договор истекува следното лето. А сега се појави и ново име – Антоан Гризман. Французинот сигурно ќе го напушти Атлетико, многумина веруваат дека веќе се е договорено со Барселона, но официјална потврда се уште нема. Наводно Манчестер Јунајтед е спремен да го осети планот на Каталонците, а англиските медиуми пишуваат дека во оваа трка ќе се приклучи и Ливерпул.
Откупната клаузула изнесува 120 милиони евра, парите во Мерсијад не би требало да претставуваат проблем…