Според информациите на „ЕСПН“ Ливерпул има намера да го доведе дефназивецот на Њујорк Ред Бул, Арон Лонг.
Ливерпул е во незавидна позиција затоа што ниту еден од стандардните централни дефанзивци нема да бидат на располагање подолг период. На рехабилитација веќе подолго време се Ван Дајк и Гомез, а против Тотенхем повредата ја обнови Матип. Исто така пред дуелот со тимот на Мурињо на повреда се пожали Бразилецот Фабињо кој поради ситуацијата играше во одбраната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Против Тотенхем повторно стопер мораше да игра капитенот Џордан Хендерсон.
Арон Лонг има 28 години и е репрезентативец на САД, Ливерпул не е единствениот клуб кој покажува интерес за него. Како што се наведува Клоп е заинтересиран за позајмица до крајот на сезона.
Liverpool are considering a short-term loan move for #USMNT defender Aaron Long, according to Football Insider 🇺🇸 pic.twitter.com/KCEOd7VUUG
— Goal (@goal) January 29, 2021