Откако денес официјално го потврдија трансферот на Луис Дијаз, Ливерпул работи и на реализација на уште еден трансфер до крајот на преодниот рок.
„Црвените“ се во напредни преговори со Фулам за трансфер на Фабио Карваљо, пренесуваат медиумите на Островот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул испратил понуда од 5 милиони фунти за 19-годишниот талент. Причина за ниската сума е фактот што договорот на Карваљо истекува на крајот на сезоната.
Интересот за него е голем од многу клубови ширум Европа, па Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата.
Карваљо игра на позиција офанзивен играч за врска и е млад англиски репрезентативец, иако е роден во Лисабон.
🚨 Liverpool have made a £5m bid to sign Fabio Carvalho and the offer allows him to stay at Fulham on loan for the remainder of the season.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 30, 2022
(Source: @_pauljoyce) pic.twitter.com/vF9SPk7uKA