Ливерпул направил официјален контакт со Барселона за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец, Осман Дембеле, пренесуваат шпанските медиуми.
Во последно време се посилни се шпекулациите дека Барселона е спремна да го продаде Дембеле, а „црвенте“ се првиот клуб кој стапил во контакт со Каталонците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп сакаше да го донесе Дембеле уште во летниот преоден рок, но тогаш Барса ги одби сите понуди. Меѓутоа сега ситуацијата се промени и на „Камп Ноу“ се спремни да преговараат доколку пристигне примамлива понуда.
Се уште не е јасно каква сума ќе бараат Каталонците се Дембеле, кој беше платен 105 милионо евра минатото лето. Сепак, тешко е да се поверува дека трансферот може да се реализира во јануари.
https://youtu.be/f0Y3_9YR0mc