Вечерва имавме супер интересна вечер во Лигата на шампионите, а Реал Мадрид го победи Ливерпул на гостински терен во натпревар со седум гола (2:5).
Не најавуваше почетокот на натпреварот ваква убедлива победа на „кралевите“, напротив Ливерпул поведе уште во четвртата минута со еден мајсторски гол со пета на Дарвин Нуњез. Продолжи Ливерпул да создава шанси и по водството, а со таквата игра Салах го зголеми водството по еден аматерски кикс на Куртоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никој во тие моменти не помислуваше дека ќе следи дебакл за „црвените“ во продолжение. Винисиус Жуниор го постигна првиот гол за Реал во 21-та минута, за во 36-тата голем кикс да направи и Алисон на спротивната страна. На пауза се замина со 2:2.
Само што започна второто полувремето, Лука Модриќ нафрли од еден слободен удар, а Милитао погодува за целосен пресврт. „Кралевите“ за разлика од почетните минути целосно доминираа на теренот, Ливерпул како да се распадна, па така Бензема во 55-тата минута зголеми на 2:4. Десет минути подоцна Бензема го постигна и вториот гол за „петарда“ во мрежата на Алисон, резултат кој се покажа и како конечен.
Во вториот натпревар кој се играше вечерва помеѓу Ајнтрахт – Наполи исто така гледавме отворен фудбал, се создаваа многу шанси, најмногу пред голот на Германците, сепак конечниот резултат беше 0:2. Головите за Наполи ги постигнаа Осимен и Ди Лоренцо. Елмас шанса за игра доби во 80-тата минута и до крајот на средбата заработи жолт картон. Треба да се спомене дека домаќините од 48-та минута играа со играч помалку откако исклучен беше Коло Муани.