Ливерпул е силно заинтересиран за шпанскиот репрезентативец, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.
25-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Траоре не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во неговиот клуб, па е спремен наскоро да ја промени средината.
Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со „волците“, а медиумите тврдат дека трансферот може да биде договорен за помалку од 30 милиони фунти.
„Црвените“ имаат одлични односи со Вулверхемптон и минатата година го договорија трансферот на Диого Жота.
Liverpool will look to sign Wolves winger Adama Traore in a cut-price £30m deal. pic.twitter.com/fPaCsCdbyB
— Transfer News (@TransfersLlVE) July 28, 2021