Дома Трансфер зона Ливерпул го претстави првото засилување за ова лето

Ливерпул го претстави првото засилување за ова лето

Ибрахима Конате и официјално е нов играч на Ливерпул.

Англискиот клуб преку социјалните мрежи ја потврди информацијата за ангажманот на 22 годишниот стопер од Лајпциг кој на клубот ќе се придружи од 1. јули оваа година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Навистина сум среќен што доаѓам во голем клуб како Ливерпул. Ова е навистин возбудлив момент за мене и моето семејство, многу се радувам што ќе ги запознаам новите соиграчи и што ме чека едно ново поглавје во кариерата“.

„Во овој момент мојот фокус на ЕП до 21 година со Франција, а потоа пристигнувам во еден од најдобрите клубови во светот и тоа ми дава посебно чувство. Многу години напорно работев за да дојдам до оваа точка, но сакам да им се заблагодарам на сите во Лајпциг, на сите со кои работев“, порача Конате.

Бројот на дресот на Конате ќе биде потврден во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…