Дома Фудбал Англија Ливерпул без Алкантара и Алисон против Арсенал?

Ливерпул без Алкантара и Алисон против Арсенал?

Ливерпул вечерва во пречекува Арсенал во дербито на колото во Премиер лигата, а Клоп може да биде без двајца клучни фудбалери.

Имено, Алисон и Тиаго Алкантара го пропуштиле последниот тренинг и најверојатно нема да бидат спремни за вечерашниот дуел.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Причината за нивното отсуство се повреди, но се уште не е јасно од каква природа се повредите и колку се сериозни.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Клоп кој не може да смета и на Џордан Хендерсон како и на Жоел Матип, кои исто така се повредени.

Арсенал ги доби двете последните дербија против Ливерпул од кои последното беше за титулата во англискиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриен клубот за кој навива новиот папа

Американецот Роберт Френсис Превост од среда е познат на светот како папа Лав XIV. Тој ста…