Дома Трансфер зона Лестер ја „краде“ големата желба на Гвардиола

Лестер ја „краде“ големата желба на Гвардиола

Робин Госенс игра одлично во Аталанта и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Поради настапите кои ги прикажува Госенс е на радарот на клубови, пред се на Манчестер Сити кој важеше како фаворит за неговиот потпис. Меѓутоа тој би можел да донесе изненадувачка одлука за продолжување на неговата кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми објавија дека Госенс преговара со тимот на Лестер. Аталанта за неговите услуги бара сума од 25 милиони евра и тоа за „лисиците“ не е проблем, па затоа преостанува договор помеѓу Госенс и Лестер.

Лестер е во добра позиција да се избори за место во Лигата на шампионите затоа што е четврт во Премиер лигата, а наводно тоа било услов Госенс да ги избере „лисиците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…