Мекманеман, Клоп, новинарите…Сите се против Нејмар и неговото однесување на теренот.
Нејмар без соменвање поседува квалитети на голем фудбалер, но она што ги нервира и љубителите на фудбалот е неговото безпотребно валкање на теренот, кое го употреби и против Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот прелесно паѓа на тревникот и веројатно не постои играч кој повеќе го иритира противниците со нешто слично.
„Однесувањето на поединци од почетокот на натпреварот беше смешно“, забележа поранешниот англиски репрезентативец, Стив Мекманеман.
Иако не го спомна Нејмар, јасно е дека мислеше на него. Посебно што после натпреварот и Клоп јавно го критикуваше Бразилецот.
„Прво се однесувате како да сте останале без нога, а потоа веднаш станувате. Тоа би требало да биде доволно за жолт картон. Не смее тоа така да се прави. Поголемиот број фудбалери завршуваат на теренот кога е нешто сериозно, тоа не е случај со Нејмар“, изјави Клоп.
Нејмар шест пати беше фаулиран против Ливерпул. Најмногу од сите на натпреварот. Поради тоа пропушти да биде во центарот на вниманието поради голот или акробатските потези.
„Никој друг не е виновен за тоа, само дечкото кој носи „десетка“. Доколку не се промени, никогаш светот нема да го гледа како што би требало. Кристиано Роналдо и Лионел Меси со она што го прават на теренот ве оставаат без текст, додека Нејмар ве тера да се запрашате „зошто го прави тоа“, напиша колумнистот на „Дејли Мејл“, Доминик Кинг.
На оваа тема интересен коментар имаше и Џејмс Пирс.
„Леонардо ди Каприо беше на трибините, но поранешниот добитник на Оскар не бше ниту блиску до најдобариот актер на стадионот. Тоа признание оди во рацете на Нејмар“.