Легендарниот Лазар Лечиќ важи за еден од творците на македонската кошарка, во својата кариера имал многу улоги, а беше и селектор на Македонија.
Денес Лечиќ дојде да даде поддршка пред стартот на квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лечиќ е изненаден и верува дека имаме тим со кој можеме да се пласираме на големиот турниер.
„Навистина сум пријатно изненаден. Гледам полетен тим со млади кошаркари и млад стручен штаб. Според мене имаме одличен состав и посакувам успешно да ги започнеме квалификациите. Верувам дека кошаркарите можат да го израдуваат нашиот народ и ќе ја победат Естонија. Убеден сум дека овој тим има сила да ја оствари крајната цел, а тоа е пласман на ЕП 2021 година“, изјави Лечиќ.
Македонија во четврток на домашен терен го игра првиот натпревар во оваа квалификации, противник ќе ни биде Естонија.