Дома Фудбал Англија Легендата тврди: Јунајтед треба да потроши една милијарда на засилувања!

Легендата тврди: Јунајтед треба да потроши една милијарда на засилувања!

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека раководството на клубот треба да потроши околу милијарда евра за трансфери за да се приклучи во борбата за трофејот.

Манчестер Јунајтед веќе неколку години не се бори за титулата во Премиер лигата, а и оваа сезона ја започна лошо и после шест кола се наоѓа на 8-то место на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека на Солскјер му требаат уште 3-4 засилувања за да го зголеми квалитетот во тимот. Само така Јунајтед ќе може да се бори за титули. На нив дефинитивно им се потребни неколку стотици милиони евра. Поминаа тие денови кога беше лесно можеше да се замени некој играч“, изјави Невил.

Веројатно Јунајтед треба да потроши една милијарда евра за засилување на тимот. Зошто? Гринвуд, Марсијал и Рашфорд се повредени. Главниот напаѓач на тимот е Џеси Лингард. Еве кон што доведе трансфер политика на клубот“, заклучи поранешниот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…