Дома Фудбал Нотингем Форест му забрани на Невил пристап до стадионот

Нотингем Форест му забрани на Невил пристап до стадионот

Гери Невил е познат по своите контроверзни изјави во кои напаѓа многу клубови, играчи, тренери, а понекогаш и сопственици.

Досега тоа му носеше навреди на социјалните мрежи, но изгледа дека Нотингам Форест е првиот клуб кој е уморен од поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед. Двократниот европски првак така му забрани на Невил пристап до стадионот за време на последниот натпревар со Челзи.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Нотингам, поради коментарите на Невил, испрати формална критика до Скај Спортс и ги информираа дека Англичанецот нема да има пристап до стадионот.

Премиер лигата исто така знае за чекорот на Нотингам, но како што пренесува Дејли Мејл, секој клуб има право на вакви одлуки и се предвидува дека лигата нема да интервенира.

Сега на Форест му претстои натпреварот од 38-то коло против Челзи и им е потребна победа за да останат во игра за Лигата на шампионите. За нивно добро, можеби најдобро би било да победат бидејќи во спротивно би можеле да ги очекуваат уште поостри коментари од Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Гигантот од Серија А тргнува по Митровиќ!

Александар Митровиќ стана сериозна цел на Милан! Оваа информација ја објави италијанскиот …