Дома Фудбал Легендата на Реал убеден: Верувајте ми, Перез спрема нешто големо

Легендата на Реал убеден: Верувајте ми, Перез спрема нешто големо

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Михаел Салгадо е сигурен дека претседателот Флорентино Перез на големо работи на доведување нова супер ѕвезда.

„Сантиаго Бернабеу“ ова лето го напушти Кристиано Роналдо и сите очекуваа „кралевите“ брзо да ангажираат некој фудбалер од светска класа кој би го заменил. Тоа не се случи, но не значи и дека нема да се случи во иднина.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Сите зборуваа за тоа, но Реал не доведе ниту една супер ѕвезда да го замени Роналдо. Но бидете сигурни, нешто се спрема. Знам дека Перез работи на тоа“.

„Верувам дека Реал ќе доведе еден од Нејмар и Мбапе. Двајцата играат за ПСЖ и ќе биде тешко, но сигурен сум дека наредното лето ќе се случи нешто големо. Воопшто не би бил изненаден ако еден од споменатите двајца потпише за Реал Мадрид“, изјави Салгадо.
Салгадо додаде и дека за него големо изненадување било заминувањето на Зинедин Зидан.

„Не напушти тренер кој освои три титули во Лигата на шампионите. Не бев само јас изненаден, туку сите. Засега Лопетеги работи одлично“, заврши легендарниот фудбалер на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ бара отштета од 98 милиони евра од Мбапе

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен тврди дека ѕвездата Килијан Мбапе треба да им исплати ошт…