Според пишувањето на англиските медиуми, Хари Кејн не ја отвори сезоната на најдобар начин, а многумина во последно време се повеќе пишуваа за тоа како на теренот делува уморно и истрошено.
Кејн имаше време за одмор по Светското првенство и се приклучи во Тотенхем неколку дена пред новата сезона. Сепак, на теренот јасно се гледа дека Кејн се уште не е во свој елемент, а многумина по натпреварот со Ливерпул изјавија дека делува многу уморно и истрошено за време на натрпеварите.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт верува дека причината за неговиот замор е второто дете кое Кејн и неговата сопруга го добија неодамна. Рајт тврди дека напаѓачот на Тотенхем не спие многу, а за тоа го „обвинува“ неговото второ родено дете.
„Кога го гледате се гледа дека не делува така свежо и подготвено за натпреварите како претходно. Сепак, никој не се сети дека доби второ дете и дека веројатно поради тоа не спие доволно. Многумина го критикуваа за играта, но треба и тоа да се земе во предвид, бидејќи очигледно е дека и помага на неговата сопруга околу бебето кое неодамна го добија“, изјави Рајт.