Откако стана јасно дека трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ е само прашање на време, на социјалните мрежи има коментари за најбогатиот трансфер во историјата на фудбалот.
Најголемата ѕвезда на Барселона го испрати Бразилецот, а агентот потврди: Претставување во Париз до крајот на неделата“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар пристигна на тренингот на Барселона само да се поздрави со соиграчите. Се верува дека ПСЖ за Бразилецот ќе плати 222 милиони евра оштета и така ќе го надмине досегашниот најбогат трансфер кој го држи Пол Погба (од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 104 милиони евра).
По повод трансферот на Нејмар се огласи и легендарниот Гери Линкер, поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Тотенхем, Лестер и Евертон.
„Ох Нејмар, постои само еден смер во кој може да се оди по Барселона, а тоа е чекор наназад“, напиша Линкер, а неговиот твит стана вистински хит. Во неполн час доби 20,000 лајкови и 11,000 ретвитови.
Има секакви реакции, а многумина се согласуваат со неговото мислење.
Oh Neymar, there is only one direction to go from @FCBarcelona and that's backwards.
— Gary Lineker (@GaryLineker) August 2, 2017