Дома Фудбал Англија Легендарното засилување го претставија преку „WhatsApp“

Легендарното засилување го претставија преку „WhatsApp“

Капитенот на симбол на Челзи, Џон Тери во 36-та година го напушти „Стенфорд Бриџ“, а денес и официјално стана член на паднатиот англиски гигнат, Астон Вила.

Астон Вила е поранешен англиски шампион, но минатата година прв пат после 1987 година испадна во втората лига, а во Чемпионшип имаше „срамна“ сезона и заврши на 13-то место.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тери доаѓа во клубот од Бирмингем како слободен играч. Денес потпиша едногодишен договор според кој ќе заработува 60.000 фунти неделно, а доколку успее Астон Вила да се врати во Премиер лигата ќе заработи додатни 4 милиони фунти.

Доведувањето на Тери во клубот е проект на кинескиот сопственик, Тони Ксиа кој минатото лето го купи клубот за 76 милиони фунти.

Со цел да ги анимира навивачите, Ксиа постигнувањето на договорот со Тери го објави на револуционерен начин. Не онака традиционално, фотографија на играчот како позира со дресот, туку во форма на чат на „WhatsApp“, снимка која веше поставена на социјалните мрежи.

Претседателот им ја сподели оваа вест на тренерот Стив Брус и на играчите, а потоа во групата беше додаден и самиот Џон Тери кој истакна дека е многу среќен што доаѓа во Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Љунгберг го критикува играчот на Арсенал по победата во Лигата на шампиони над Спортинг

Фреди Љунгберг изрази незадоволство од одбранбениот играч на Арсенал, Габриел Магалхаес, п…