Легендарниот уругвајски напаѓач, Себастијан Абреу се уште нема намера да стави крај на кариерата иако веќе има 44 години.
Абреу кон крајот на минатата година остана без клуб откако си замина од Бостон Ривер, а сега успеа да пронајде нов ангажман. Уругваецот е рекордер во светот на фудбалот затоа што потпиша за 30. клуб во неговата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој пат Абреу ќе игра во Бразил каде што потпиша за Атлетик Клуб, тим кој се натпреварува во шампионатот Минеиро.
Во кариерата Абреу играше уште за: Сан Лоренцо, Депортиво Ла Коруња, Гремио, Текос, Национал, Круз Азул, Америка, Синалоу, Монтереј, Сен Луис Тигрес, Ривер Плата, Реал Сосиедад, Ботогаго, Арис, Фигуриенсе, Росарио Централ…