Италијанскиот ветеран Џампаоло Пацини преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од професионалното играње фудбал на 36 години.
Последен клуб на популарниот „Пацогол“ беше Верона, но договорот со овој клуб му истече минатото лето и од тогаш е слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чекаше Пацини добра понуда, но на крајот одлучи да стави крај на кариерата. На италијанската сцена се појави во дресот на Аталанта, а најдобриот фудбал го играше во Фиорнтина и Сампдорија. Потоа следуваше трансфер во Интер каде што не блескаше, заигра и за градскиот ривал на „нероаѕурите“ Милан.
Во Верона се задржа пет години, а една сезона беше позајмен во шпански Леванте. Настапуваше и за репрезентацијата на Италија, постигна четири голови на 25 настапи.