Дома Фудбал Германија Левандовски: Сакав да му покажам на Баерн дека можам да си заминам!

Левандовски: Сакав да му покажам на Баерн дека можам да си заминам!

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски потврди дека ова лето добил многу понуди на своја адреса.

По завршувањето на сезоната неговиот агент изјави дека Левандовски сака да си замине до Баерн поради недостаток на поткрена од раководството. Полјакот беше незадоволен затоа што на крајот на сезоната беше прогласен за виновник поради слабите резилтати во ЛШ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум разочаран што останав во Баерн. Но кога почувствував различен однос на клубот кон мене, решив да го кажам тоа отворено. Сакам да покажам дека ако нештп не ми се допаѓа, можам и да си заминам“, изјави Левандовски.

Левандовски доби гаранции од раководството дека е еден од најважните фудбалери во тимот и реши да остане на „Алијанц Арена“.

„Знаев дека каква понуда да пристигнеше одговорот на Баерн ќе беше НЕ. Останувам во клубот и повторно ќе се борам за остварување на највисоките цели“, заклучи 30-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…