Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски: Реал е фаворит, но тоа не мора ништо да значи

Левандовски: Реал е фаворит, но тоа не мора ништо да значи

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски смета дека неговиот клуб го очекуваат два тешки натпревари против Реал Мадрид, но дека Баерн е во добра форма.

Полјакот пред првиот полуфинален меч вели дека Реал е фаворит, но дека тоа не мора ништо да значи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Реал е фаворит, но тоа не значи дека ќе не победат. Кога два пати во низа ја освоите Лигата на шампионите, тогаш морате да бидете фаворитите во овие натпревари, но мислам дека нема да се фокусираме на тоа. Во добра форма сме и нашите последни резултати се позитивни. Сега размислуваме само за Реал“, истакна Левандовски па продолжи:

„Мораме да бидеме потполно сконцентрирани, фокусирани, не смееме да правиме грешки и мораме нивните евентуални грешки максимално да ги користиме. Што се однесува до Роналдо, тој е феноменален, но Реал не е само еден играч“, истакна Левандовски.

За потсетување, утрешниот меч ќе се одигра во Минхен од 20:45.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…