Дома Фудбал Германија Левандовски: Кога не одеше Клоп секогаш ги обвинуваше Полјаците

Левандовски: Кога не одеше Клоп секогаш ги обвинуваше Полјаците

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ги откри проблемите од пред неколку години со Јирген Клоп во Борусија Дортмунд.

Ќе потсетиме, Левандовски, Куба Блажиковски и Лукас Пишчек некогаш беа стандардни членови од првиот тим на Борусија Дортмунд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак сега Левандовски откри дека Клоп токму нив ги обвинувал кога нешто не одело како што треба.

„Кога тимот не беше во форма, Клоп ни проговараше само на нас Полјаците. На еден натпревар викаше Куба, Куба..Иако тој не бше воопшто во игра. Тоа го покажа начинот на кој размислува. Неговиот прв инстикт кога нешто не е во ред беше да обвини некој од Полјаците“.

„После еден разговор кој го водевме, Клоп сфати дека нема симсла секогаш нас да не обвинува и дека не сме секогаш ние виновни“, откри сегашниот напаѓач на Баерн Минхен.

Левандовски во Борусија настапуваше од 2010 година до 2014 година и за тоа време запиша 131 настап и постигна 74 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…